164
Потребни производи:
200 г брашно
150 г тврдо сирење или кашкавал (рендан)
2 јајца
50 мл растително масло
300 мл вода
чешне лук – по желба
сол
шеќер
1 лажичка прашок за пециво
Подготовка:
Во сад измешајте ги јајцата, водата, шеќерот, солта и маслото. Потоа постепено додадете брашно и прашок за пециво. Кога ќе се добие хомогена смеса, може да додадете сирење, лук и иситнет магдонос.
Овие палачинки се подготвуваат во тава како обичните. Послужете ги со вашиот омилен колбас или свеж зеленчук.