804
Сезона е за јагоди, а освен свежо, ова омилено овошје на многумина е неодоливо и како џем.
Постои рецепт за домашен џем од јагоди без шеќер, кој е толку лесен за правење што дури и почетник готвач може да го направи за помалку од половина час.
Состојки:
1 кг јагоди
2 лажици мед
малку сок од лимон или рендана кора
Во овој џем можете да додадете и чиа семиња.
Подготовка:
Јагодите исечкајте ги на мали парчиња, додадете сок или кора од лимон и варете околу 20 минути. На самиот крај, кога смесата е веќе изедначена и густа, додавате мед.
Чувајте го во фрижидер, така може да потрае и до еден месец.