Состојки:
1 лажица масло
1 мала главица кромид, ситно исечкана
1 и ½ чаши печурки, сечкани
2 мали моркова, сецкани
1 мал пашканат
2 чаши тиква исечена на коцки
1 лажичка ситен рузмарин
сол и бибер по вкус
1 чаша растворена пилешка супа
1 лажица брашно
1 чаша млеко 2%
1/3 чаша грашок, сварен
6 парчиња интегрален леб без корка
2 лажици мајонез
2 лажици рендан пармезан
Подготовка:
Се топи путерот во тава на умерен оган. Се пржат во него печурките, кромидот, морковите, пашканатот, рузмарин и тиквата. Зачинете со сол и бибер. Гответе за околу 10 минути во тавата мешајќи постојано. Додадете пилешки бујон, оставете да зоврие, потоа намалете на тивок оган. Оставете да се вари околу 5 минути или додека течноста се редуцира благо.
Одделно во мал сад измешајте го брашното со млекото. Додадете ја смесата во тава кај зеленчукот. Оставете повторно да зоврие и оставете да покркори додека се згусне за околу 3 минути. Потоа додадете грашок и промешајте. Ако е потребно додадете сол и црн пипер.
Поделете ја смесата на 6 порции.
За да направите кора на дното на порцеланскиот сад за печење ставете од лебот. Натапкајте го со помош на вилушка или нож. Сторете го ова со сите 6 сада. Врз лебот ширете по 1 лажица мајонез. Посипете со пармезан и малку црн пипер. Погрижете се оваа пекарна смеса да ги опфаќа и ѕидовите на садот. Истурете од смесата со зеленчукот во секој калап за печење. Печете на средна температура околу 5 минути или додека фати златна кора.