Речиси 1.200 спасувачи и 80 кучиња трагачи од ЕУ отпатуваа во Турција

од Stefanija Kuzmanovska
199 прегледи

Европската комисија денеска соопшти дека ја продолжува помошта за Турција и Сирија по земјотресот што ги погоди овие две земји.

Откако Турција го активираше механизмот за цивилна заштита на ЕУ, 19 земји-членки на ЕУ (Австрија, Бугарија, Хрватска, Кипар, Чешка, Естонија, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Италија, Малта, Холандија, Полска, Португалија, Романија, Словачка, Словенија и Шпанија), заедно со Албанија и Црна Гора, понудија тимови во координација со Центарот за итна координација на ЕУ и турските власти, соопшти денеска Европската комисија.

„25 тимови за пребарување и спасување се движат во најтешко погодените области во Турција за да помогнат на теренот, а 11 од овие тимови веќе пристигнаа. Покрај тоа, два медицински тима се испратени преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ за да обезбедат итна медицинска помош на погодените лица.Понудени се 1.185 спасувачи и 79 кучиња трагачи од европските земји“, велат од Комисијата.

Слични содржини