Речиси 10.000 луѓе почина од корона во изминативе 24 часа

од Vladimir Zorba
205 прегледи

Бројот на потврдени случаи на коронавирус во светот се зголеми за 294.237, објави синоќа Светската здравствена организација (СЗО).

Како што е наведено, бројот на загинати во светот од КОВИД-19 е зголемен за 9.985, пренесува агенцијата ТАСС.

Според СЗО, во светот се потврдени 21.026.758 случаи на заразени и 755.786 смртни случаи.

Статистиката на СЗО ги зема предвид само официјално потврдените податоци за случаи на инфекција и смртни случаи што ги даваат државите.

Слични содржини