Речиси 10 отсто помалку родени бебиња во третото тримесечје од 2023 година во споредба со лани истиот период, склучени 11,4% бракови помалку

од Vladimir Zorba

Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2023 година, бројот на живородените се 4 453 деца и во споредба со истиот период од претходната година е помал за 9.8 %.

Бројот на умрените лица во третото тримесечје од 2023 година бележи намалување од 6.8 % во споредба со истото тримесечје од 2022 година, односно починале 4 747 лицa, а од нив 8 се умрени доенчиња.

Природниот прираст е негативен, – 294 лица, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.

Во третото тримесечје од 2023 година се склучени 4 116 бракови, што претставува намалување од 11.4 % во споредба со истиот период од  2022 година.

Во ова тримесечје се разведени 301 брак.

Слични содржини