Речиси 3000 починати од Ковид-19 од почетокот на пандемијата

од Nikola Popovski
126 прегледи

Од Министерството за здравство соопштија дека пријавени се вкупно 9 починати лица.

Според извештајнот, починати се 3 пациенти од Прилеп,  по 2 пациенти од Скопје и Тетово, и по 1 починат е пријавен од Куманово и Охрид. Пациентите се на возраст од 54 – 87 г. Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 97.101, бројката на оздравени пациенти е 87.960, на починати е 2.998, а бројот на активни случаи изнесува 6.143.

Слични содржини