Во Босна и Херцеговина, врз основа на вкупните податоци на ентитетските здравствени установи, пропаднале 1.416.851 вакцини против коронавирусот, објави денеска Klix.ba.
Од почетокот на пандемијата на коронавирусот, во Федерацијата Босна и Херцеговина пристигнале вкупно 2.334.874 вакцини, а според податоците на Институтот за јавно здравје на ФБиХ, до 31 јули, рокот за 606.895 дози е истечен.
Со пристигнувањето на првите дози на вакцини против коронавирусот, во март 2021 година, заклучно со 31 јули годинава, во Федерацијата Босна и Херцеговина се вакцинирани вкупно 1.800.728 граѓани.
Според податоците на Институтот за јавно здравје, во Република Српска пристигнале 1.824.887 дози вакцини против коронавирусот, од кои 809.945 или повеќе од 44 отсто пропаднале.