Речиси сите скопски ноќни клубови не ги исполнуваат условите за работа, повеќето под клуч

од Milan1
76 прегледи

Деновиве повеќе ноќни клубови во Скопје се ставени под клуч и ќе останат затворени сè додека не ги исполнат условите за работа, објави „Телма“. Во моментов е нејасно дали ова ќе биде единствена казна за сопствениците или ќе се соочат и со други мерки. Од Дирекцијата за заштита и спасување засега не откриваат детали додека не заврши акцијата, но потврдуваат дека има затворени клубови.

Според информации на „Телма“, меѓу засегнатите објекти се клубовите „Станица 26“, „Маракана“, „Балет“, „Пјур“ и „Епицентар“. Тие не ги исполнувале целосно мерките за заштита и спасување. Иако немаат пломби на вратите, остануваат затворени додека не ги коригираат недостатоците.

Конкретно, „Станица 26“ има активна лиценца, но треба да достават одредени документи.

Премиерот Мицкоски најави мораториум за отстранување недостатоци во објекти, вклучувајќи градинки и старски домови. Додека трае, тие нема да работат, но времетраењето сè уште се договара. Нејасно е како ќе се спроведе и дали ќе има дополнителни казни.

Слични содржини