Најмалку 94 мигранти се спасени кога успеале да излезат од камион со приколка, кој бил оставен на автопат во мексиканската сојузна држава Веракруз.
Тие едвај избегнале задушување, соопштија властите.
Според официјални лица, мигрантите морале да направат дупки во приколката за да излезат, а некои тоа го правеле преку покривот, пренесува АП. Некои се повредени кога скокнале од покривот на приколката, но не се здобиле со повреди опасни по живот, ниту пак скршиле нешто, пренесува АП.
Се верува дека многу повеќе мигранти биле во приколката, но избегале, додека 94 мигранти од Гватемала, Хондурас и Ел Салвадор се предадени на имиграциските власти.
Во Тексас, на 27 јуни, 53 мигранти загинаа откако беа оставени затворени во товарен камион.