Виктор Осимен е прв на списокот на Рубен Аморим за трансфер во Манчестер Јунајтед.
Последните информации велат дека е завршена 95 отсто од работата и дека брилијантниот Нигериец во летниот преоден рок ќе го облече дресот на повеќекратниот англиски првак.
Осимен моментално е позајмен во Галатасарај од Наполи, а тимот од Неапол бара 75 милиони евра обештетување.
Тие пари ќе ги одвои „Инеос“, така што тоа не би требало да биде проблем. Аморим е незадоволен од настапите на Зиркзе и Хојлунд, и Осимен несомнено ќе бидат прва опција во нападот.
Нигериецот има 26 години и најдобрите моменти во кариерата ги имаше во Наполи, кој го предводеше до титулата во 2023 година. На 108 натпревари за Наполи постигна 65 голови. Моментално е во Галатасарај каде на 18 натпревари постигна 14 голови.
За репрезентацијата на Нигерија одигра 39 натпревари и постигна 23 гола. Тој беше вицешампион на Африканскиот куп на нации во 2023 година.