Ред Бул Салцбург го освои „Корона Купот“

од Vladimir Zorba

Во Австрија продолжија фудбалските натпревари, кои беа суспендирани два и пол месеци поради пандемијата на коронавирус, а „Корона Купот“ го освои тимот на Ред Бул Салцбург.

Салцбург го совлада второлигашкиот тим Австрија Луштенау со 5:0 и со тоа го стана победник на Купот на Австрија.

Во првиот натпревар по 12 март, кога беше прекинато првенството, головите за Салцбург ги постигнаа Собаслај, Окафор, Ашимера и Коита, а автогол си постигнаа и Луштенау.

Патем во првенството Ред Бул Салцбург, откако ЛАСК беше лишен од шест поени поради непочитување на фер-плеј, изби, пред продолжението на натпреварувањето, на прво место и може да го освои седмиот дубл под спонзорот Ред Бул.

Ова е седма титула од Купот за Ред Бул Салбурз, а најмногу трофеи има Австрија Виена, која го освои овој трофеј дури 27 пати, а Рапид од истиотград има 14 победи.

Луштенау се најде по втор пат, по 2011 година, во финалето на Купот.

Уште од самиот почеток, Луштенау направи многу грешки за воопшто да може да ја „испоти“ најскапата екипа во Австрија.

Слични содржини