„Ред е да ја почекаме истрагата“: Заев останува на ставот за одлуката за оставката на министерот Филипче

од Берта Китинска
136 прегледи

„Ред е да ја почекаме истрагата. Не би коментирал дополнително, затоа што не смеам и не треба да си дозволам кое било коментирање, затоа што истрагата е таа која треба да го соопшти,“ рече  денеска премиерот Зоран Заев, уште еднаш потенцирајќи дека одлката за оставката на министерот за здравство д-р Венко Филипче ќе ја донесе по истрагата.

Премиерот во одговорот дополни дека се надева, час поскоро очекува, исто како и граѓаните да го добие одговорот, што точно се случило во модуларната болница во Тетово.

„И да, останувам на ставот, на тоа што го соопштив. Согласно информациите од истрагата, јас ќе го соопштам ставот за оставките на министерот за здравство, директорот на болницата, економскиот директор на болницата, како и на заменик-министерот за здравство“,  рече Заев.

Слични содржини