Производителот на камерафонот RED Hydrogen најави нови промотивни датуми за уредот. По серија од одложувања веќе се очекува финалниот модел да биде пуштен во државните телекоми AT & T и Verizon на 2 ноември, во бои црна и „сенка“ (shadow), а изработката ќе биде од алуминиум. „Титаниум“ опцијата е предвидена за следната година и ќе се појави во силно ограничена количина. Цената ќе биде 1.295 американски долари.

Претходно, на 9 октомври, ќе почнат да се вршат прелиминарните нарачки на црниот алуминиумски модел. Титаниум опција ќе излезе наскоро потоа. Според зборовите на RED, тој е исклучително тежок за изработка, што го објаснува доцнењето и ограничената достапност.
Меѓу 31 август и 11 септември, RED ќе пушти прелиминарна верзија на смартфонот за програмери, со име Houdini. Таа ќе биде достапна само за оние кои претходно го нарачале крајниот производ и достапна во многу ограничени количини. Houdini ќе биде предпроизводствен примерок со недовршен софтвер кој функционира доволно добро, но дел од апликациите допрва треба да бидат завршени и има „багови“ за чистење.
Поради тоа, од RED инсистираат на целосен медиумски мрак и го задржуваат правото да го откажат нивниот Houdini во секое време, ако случајно се појави негативни коментари на адреса на уредот. Доста самоволно од страна на производителот, а исто така и бесмислено, бидејќи вистината за смартфонот порано или подоцна ќе излезе на виделина – каква и да е таа.