Реџепи: Ќе гласам да падне Владата

од Берта Китинска
312 прегледи

Јас сум опозиција, секако дека ќе гласам да падне Владата, изјави пратеникот на Алтернатива Скендер Реџепи денес пред почетокот на собраниската седница за гласање доверба на Владата.

-Стојам на ставот дека Алтернатива, како политичка партија има своја визија и никогаш нема да дозволиме да бидеме дел од која било листа или власт во која дел ќе бидат и политички партии или партија која е и анти албанска и анти НАТО и анти ЕУ и анти Косово и анти сите современи вредности, кажа Реџепи.

Слични содржини