298
Се знам со премиерот Заев, но не ми се јавил, ниту ме побарал во последните период. Имав контакт со Димитров, Оливер Спасовски, Маричиќ, зборувам за првата фаза, вели пратеникот Кастриот Реџепи кој синоќа беше гостин во емисијата „Клик плус“.
Тој додава дека го прашувале што се случува.
-Им реков вашиот претседател ја утна работата. Мислев за Заев. Тој погреши со оставката. Ние како движење Беса, имавме договор со него како премиер. Тој даде оставка. Јас и во ова студио, во ТВ21, изјавив пред 2 недели дека Заев направи грешка со оставката. Реков дека оваа Влада без него е без локомотива, додава Реџепи.