Реџепи: Нема потреба да бидеме дел од власта доколку нема почеток на преговори со ЕУ

од Nikola Popovski

Пратеникот Скендер Реџепи денес им порачал на сопартијците дека Алтернатива не влегла во Владата заради власт, туку заради исполнување на стартешките цели, односно евроинтеграциите и ревизија на според него, политички монтираните судски случаи.

-Во случај да имаме изјава од ЕУ дека нема да има воопшто почеток на преговори без договор со Бугарија, верувајте дека таа одлука треба да се преиспитува во органите на партијата. Во најкраток рок треба да побараме од ЕУ да направи комисија во име на ЕУ или на одредени држави во кои демократијата е на чело, да дојде и да ги преиспита сите можни монтирани случаи. Ако и тоа не се случи, верувајте, апсолутно нема никаква потреба, јас лично, а верувам и органите на Алтернатива, да бидат дел од власта, вели Реџепи во изјава за ТВ 24.

Официјалниот став на Алтернатива е дека остануваат на принципите поради кои одлучија да станат дел од владејачкото мнозинство во Собранието.

Слични содржини