Реџепи од Алтернатива нема да го поддржи мнозинство во кое е вклучена Левица

од Берта Китинска
1,7K прегледи

Новинската агенција Журнал од партиски извори дознава дека пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи-Зајд, нема да го поддржи новото мнозинство во кое е вклучена и контроверзната партија Левица на Апасиев.

 

Според нашите извори, тој е категорично против соработка со партијата „Левица“, партија која веќе во светот е позната како анти-НАТО, анти-ЕУ и антиамериканска, против Договорот од Преспа, Охрид, албански јазик и дека ќе побара од неговата партија да се повлече од овој договор, пренесува Журнал.мк.

 

Истиот извор наведува дека до моментот на средбата на мнозинството во собранието за потпишување на новото мнозинство, АлтерНатива како партија не била информирана дека во ова ново мнозинство е и „ЛЕВИЦА“ на Апасиев, но имале информации дека ПЛД на Горан Милевски ќе бидат вклучени. И сега пратеникот Зајд бара неговата партија да се повлече од мнозинството во спротивно неговиот глас нема да биде за оваа влада.

Слични содржини