787
Самоволно се засолнив на денот на гласањето на недовреба на владата, кажа пратеникот Кастриот Реџепи денеска на прес конференција.
-Јас сум мирен со чиста совест дека нема подобро за твојата земја да ја носиш кон патот на ЕУ и НАТО.Јас сум сојузник и на Албанците и на Македонците стратешки сојузник во интерес на својата земја, самоволно се засолнив на денот на гласањето на недовреба на владата за да не дозволам земјата да отиде во правец кој е спротивен од моите убедувања, вели Реџепи.