Реџепи се пријави во полиција, Касами го исклучи од партијата

од Берта Китинска
439 прегледи

Kастриот Реџепи по одлуката да не се појави во Собрание  и заедно со потписниците на Иницијативата да ја сруши владата  остави многу прашалници зад себе со својата постапка.Откако едните обвинуваа дека пратеникот е киднапиран, тој неколку пати преку социјалните мрежи пушуваше стаутси.

Во текот на вчерашнот ден тој излезе со статус на Фејсбук во кој рече дека во понеделник ќе излезе пред јавноста и ќе даде појаснувања.

„Ве информирам дека моето прво појавување ќе биде во понеделник на прес конференција. Апелирам до раководството на  Движење Беса да не презема избрзани чекори што ќе предизвикаат штета на структурите и нашите активисти. Емоциите треба да се остават настрана а постапките треба да бидат зрели“, истакна Кастриот Реџепи.

По оваа објава лидерот на Движењето БЕСА, Билал Касами преку Фејсбук извести дека Реџепи е разрешен од сите партиски функции и дека веќе не е член на Движење Беса.

„Кастриот Реџепи кој не се појави во Собранието за да го поддржи предлогот за недоверба на Владата, со кој постапи спротивно на одлуката на партијата во кој случај сериозно го нарушил и престижот на партијата, Движењето БЕСА, односно јас како претседател на партијата, согласно статутарните одредби, односно член 14 став 3 точка 3.3 од Статутот на Движењето БЕСА, го исклучувам споменатото лице од сите партиски функции и од членството на Движењето БЕСА“, напиша Касами.

Воедно и МВР информираше дека Кастриот Реџепи  се пријавил во полициска станица и негирал дека бил исчезнат. Реџепи изјавил дека своеволно отишол кај пријател за да се заштити од публицитетот во врска со собраниската седница.

Не успеа интерпелацијата поради тоа што не се одржа зборот. Ако сте дале потписи за иницијатива, мислам дека треба да размислите двапати, вели лидерот на Алтернатива и пратеник, Африм Гаши во емисијата „360“.

Според него, кога сте дале потпис треба да мислите на достоинството на функцијата пратеник, кое треба да биде поврзано со тој процес.

„Сметам дека се работи за будалаштина, предавство од пратеник кој се потпиша, а потоа не се појави“, потенцира Гаши за исчезнувањето на пратеникот на БЕСА, Кастриот Реџепи и додава дека имало големи притисоци врз сите пратеници.

„Нормално е секое мнозинство да го чува својот број на пратеници, но со демократски форми. Мислам дека е крајно време да се ослободиме од ваквиот начин на функционирање“, вели Гаши.