Убеден сум дека Македонија ќе добие датум за преговори со ЕУ во декември, информира пратеникот Кастриот Реџепи во емисијата „360“.
Според него, ова дефинитивно доаѓа од сигналите што ги добивме од претседателот на Франција, од посетата на холандскиот премиер, држави кои на некој начин го блокираа интеграцискиот пат, а сега даваат целосно поддршка.
-Исто така клучен беше и максималниот ангажман на САД и најавата за посета на специјалниот претставник Ескобар. Мило ми е што во четвртокот владата не падна и за тоа сите други ќе се радуваат во декември, вели Реџепи.
Според него, постоеле и други пратеници кои го оспорувале учеството на Левица во иницијативата за интерпелација на Владата.
-Доволно беше Крмов да остане, така што јас не сум тип од тие игри туку кога постапувам според убедувањата, не ме интересираа како ќе постапат другите, додава Реџепи.