Реџепи: Вчера не знам што се случи, требаше да падне власта

од Берта Китинска
823 прегледи

Ние сме политичка партија која е многу совесна со сите начела и политички предизвци што доаѓаат, вели пратеникот Скендер Реџепи од Алтернатива.

-Вчера не знам што се случи иако требаше да падне власта. Се случи нешто што можеби демократски е неочекувано, но настаните беа такви какви што беа, и денешниот ден државата го почна со една тешка политичка криза во која што не очекуваат уште потешки времиња особено месецов што доаѓа, со тоа што доаѓаме пред два големи предизвика. Едниот е или како држава или сите политички чинители да седнат или консензуално да го донесат буџетот, па да одат на брзи парламентарни избори или да се прошири мнозинството. Овие денови партиските тела ќе седнат на состаноци и ќе одлучат кои од двете опции е поважна за државата, граѓаните, ставајќи ги во прв план нив а после партиските интереси, изјави Реџепи.

Слични содржини