Независниот пратеник Скендер Реџепи Зејд смета дека историските проблеми меѓу нас и Бугарите ќе останат и понатаму и не можеме да ги решаваме со пратеници туку со историчарите.
Најдобро решение е преку измена на Уставот и нашата иднина да биде во ЕУ. За Бугарите, Гоце Делчев е бугарин, а за Македонците останува Македонец. Треба да се отворат хоризонтите на државата во Унијата. Оптимист сум по природа, но во случајов сум песимист дека може да има уставни измени, вели Реџепи Зејд во своето обраќање пред неговите останати колеги.
Пратеникот истакна дека ова е една шанса сите да патуваме заедно кон ЕУ и во ова патување имаме пречки поради некои индивидуални причини.
После 30 години патување и целиот труд на политичките актери, ја враќаме Македонија во 90-тите кога земјата беше хранета со националнизам против Албанците. Не случајно последните денови се актуелизира доаѓањето на косовскиот премиер и тоа дека се создава Голема Албанија, при што се спречува именување на улиците, истакна Зејд.
Тој посочува дека Албанците не треба да бидат заложници од неколку лица на патот кон ЕУ.
Тие не го оспоруваат идентитетот и јазикот на македонскиот народ, но може во блиска иднина да се случат и други барања, каде што албански општини можат да го бараат патот кон ЕУ, одделно од македонските општини. Ова не би го посакувале, но реалноста е таа. Треба да имаме одговорност во Собранието, смета независниот пратеник.