Реџепи Зејд од „Европскиот фронт“ обвини дека ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ вршат притисоци во ДИК за да им одземат пратеници

од Nikola Popovski
398 прегледи

Коалицијата „Европски фронт“, предводена од ДУИ, денеска ги обвини македонските политички чинители, пред се двете најголеми партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, дека вршат притисок врз членовите на Државната изборна комисија, за да се поништи гласањето на дел од избирачките места, по поднесените приговори за парламентарните избори на 8-ми. Велат дека притисокот е многу голем, но ќе ги преземат сите средства за да оневозможат да им се одземат пратеници. Тврдат дека станува збор за изборен инженеринг, а дека легитимитетот е кај нив.

-Жалиме што ВЛЕН е дел од таквата коалиција. Причината е дека македонските политичари не можат да се согласат дека „Европскиот фронт“ е втора политичка сила во земјава, добиена од гласовите од сите општини со албанско мнозинство. Ќе ги преземеме сите демократски средства за да се оневозможи ваква злоупотреба, рече Скендер Реџепи-Зејд во изјава за медиумите.

Според него, денес реалноста се пресликува во друга димензија во споредба со случувањата во 2016 година.

-Не се работи само за еден или двајца пратеници. Сакаат „Европскиот фронт“ да не биде втора политичка сила, повтори пратеникот.

Реџепи-Зејд додаде дека тие како коалиција немаат поднесено приговори до ДИК.

Во Комисијата денеска се разгледуваат приговорите од парламентарните избори. Има 27 пристигнати.

Слични содржини