Реџепи: Пучот во ИВЗ и кумановски настани беа одвлекување на вниманието од незадоволството кон Груевски

од desk3
100 прегледи

Поглаварот на ИВЗ Сулејман Реџепи во интервју за БИРН вели дека е убеден дека „пучот“ во ИВЗ, но и настаните во Куманово се оркестирани со цел да се одвлече вниманието од растечкото незадоволство кај граѓаните од владата на Никола Груевски.

Sulejman Rexhepi by IVZ

„Каква логика има да се војува во таква средина? Тоа е нон сенс и докажува дека сѐ е наместено и веројатно имало претходен пазар, претпоставувам им се ветило дека ќе добијат нешто за возврат, дека нема да се притворат, им требаше сценарио за да се одвлече внимание од политиката. Веројатно им се понудени пари. Не знам за Македонците, но вмешани се измамници од албанскиот блок кои ја злоупотребиле функцијата во државата“, обвинува првиот човек на ИВЗ.

Се обидов да бидам конструктивен со Груевски, но ја потрошив енергијата

Реџепи ја обвинува власта за тоа дека ги поткопува сите обиди за соработка меѓу ИВЗ и Македонската православна црква, како и за реконструкција на џамиите за кои се очекува државна финансиска помош.

„Целата моќ и енергија навистина ја потрошив на премиерот Никола Груевски. Се обидов со него да имам добра конструктивна соработка во интерес на граѓаните, без оглед на верска и национална припадност и во интерес на државата. Никако не прифаќаше такво нешто. Не кажа не, но делата покажаа нешто друго“, рече Реџепи.
Според зборовите на поглаварот на ИВЗ, Груевски во еден од последните неформални разговори минатата година се интересирал какво мислење имаат муслиманите и Албанците за него.

„Му одговорив дека го гледаат како исламофоб, незапаметен во политичката историја на Република Македонија“, објаснува Реџепи. Во однос на тоа како го перципираат Албанците, му рекол дека оваа заедница во Македонија го гледа како албанофоб.

Повеќе ТУКА