Референдум против македонски јазик во ЕУ не може да успее, велат од СДСМ

од Vladimir Zorba

Христијан Мицкоски самиот јавно кажа дека е против Европската унија. Во тоа тој е осамен и изолиран со единствена поддршка од неговиот партнер Димитар Апасиев со кого заедно одбработуваат за туѓи интереси, реагираат од владеачката СДСМ и додаваат:

-Граѓаните гледаат дека тие анти ЕУ изјави почнуваат да доминираат во секој настап на Христијан Мицкоски, откако му паднаа во вода сите лаги, блокади и крвави сценарија.

Проблемот на Мицкоски е што почнавме преговори со ЕУ, со заштитен македонски јазик во Унијата и заштитени идентитетски, културни и јазични посебности на македонскиот народ.

Референдумот кој го најавува Мицкоски а за кој не ја знае ниту формата, ниту пршањето служи само за лична внатрепартиска употреба, откако му пропаднаа сите обиди преку насилство, блокади и крвави сценарија да ја закочи и дестабилизира државата.

Референдумот на Мицкоски против македонски јазик во ЕУ, против преговори со ЕУ, нема да успее, граѓаните уште еднаш ќе ги поразат деструктивните политики на антиевропската ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини