Референдум во Молдавија: Половина „за“, половина „против“ ЕУ

од Nikola Popovski
23 прегледи

На вчерашниот референдум во Молдавија за влез во Европската унија, половина од гласачите кои излегоа на гласање гласаа за опцијата „за“, покажаа првите резултати, но конечниот исход од гласањето се уште не е познат.

Врз основа на 97,66 отсто преброени гласови, веб-страницата на Централната изборна комисија на Молдавија објави дека 50 отсто од Молдавците гласале „за“ и покрај притисокот од Русија, пренесува Ројтерс.

Сепак, конечниот исход од декларацијата сè уште не е сигурен, бидејќи делумните резултати – кои беа објавени пред неколку часа – покажаа дека 57 отсто од Молдавците се неодлучни за влез во ЕУ.

Маја Санду, актуелната проевропска претседателка на Молдавија, рече дека тесниот резултат е производ на „странското мешање“ во молдавската политика.

„Тоа беше безобразен напад врз демократијата“, рекла таа, мислејќи на наводите дека Русија им плаќала на луѓето да гласаат на одреден начин, што Москва го негира.

Покрај референдумот за промена на Уставот, Молдавците гласаа и на претседателските избори во неделата.

Санду го освои мнозинството во првиот круг, но процентот на гласови беше помал од очекуваното – 41 процент. Таа ќе влезе во вториот круг од изборите на 3 ноември, во кој се очекува противниците да се обединат околу нејзиниот противкандидат.

Тоа ќе биде Александар Стојаногло, кој е поддржан од проруската партија на социјалистите, кој освои 27 отсто од гласовите, што е значително повеќе од очекуваното.

Трет беше популистот Ренато Усати, а по него поранешната гувернерка на Гагаузија, Ирина Влах. Доколку другите кандидати го поддржат Стојаногло пред вториот круг, Санду би можела да биде во голема неволја да остане претседателка на државата.

Санду ги обвини „криминалните групи“ за влијание врз изборите во соработка со „странски сили“ користејќи пари, лаги и пропаганда.

Санду исто така рекла дека нејзината влада има „јасни докази“ дека биле купени 300.000 гласови, што таа го нарече „измама од невидени размери“.

Кремљ силно негираше вмешаност во наводите за купување гласови.

Молдавија во моментов преговара за членство со ЕУ.

Слични содржини