„Рефлексија 20-30“ е новата десетгодишна надворешна политичка стратегија на МНР

од Берта Китинска
152 прегледи

Министерството за надворешни работи започнува нова десетгодишна надворешна политичка стратегија – Рефлексија 20-30.

Според најавите на министерот за надворешни работи Бујар Османи  стратегија ќе биде поставена на три столба.

Со првиот столб започнува со широки граѓански консултации, Османи преку тоа најави оформување на врските меѓу надворешната политика и потребите на граѓаните.

– Се работи за партиципативни и инклузивни демократски средби, кои ќе се одржуваат во општините и преку кои ќе се обидеме да ги зацврстиме врските меѓу обичниот граѓанин и евроатлантската интеграција на земјата, изјави Османи.

Преку вториот, Османи најави засилување на процесот на инклузивност со организирани тематски конференции за новата стратегија.

– Целта е во еден инклузивен и транспарентен процес на највисоко можно академско, експертско, стручно и политичко ниво да се опфатат теми кои се дел од приоритетите на надворешната политика, приближување на нашата држава кон ЕУ, но и вклучувањето во самата Унија, нашето членство во НАТО, односите со соседите, за регионалните иницијативи и воопшто севкупната иднина на Западниот Балкан, нашиот придонес во заштита на мултилатерализмот и самото учество на земјата во други меѓународни организации, изјави Османи.

Како трет столб, Османи најави, овој процес да добие институционална форма, преку создавање на Стратешки совет за надворешна политика.