Регионалните медиуми пишуваат за грозоморното убиство на Вања

од Stefanija Kuzmanovska
361 прегледи

Потресната вест за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска која синоќа ја потресе државава, одекна и во регионот.

Цели седум дена траеше потрагата по малата Вања која, според соопштението од Обвинителството и од МВР, била убиена само неколку часа по киднапирањето.

Српските и хрватските медиуми доследно и континуирано информаа за деталите на истрагата, со оглед на тоа што се појавија теории дека девојчето е можеби пренесено надвор од македонските граници, во некоја од околните држави. Така и утрово, регионалните медиуми ја пренесоа ужасната вест дека малата Вања била пронајдена мртва.

Скопското Основно обвинителство потврди дека е уапсен Александар, татко на киднапираната и убиена Вања Ѓорчевска. Засега не е е соопштено дали се бара притвор и за него.

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Оснвноto јавно обвинителство, за определување мерка краткотраен притвор, а поврзано со убиството на малолетнатата Вања Ѓорчевска од Скопје и Панче Жежовски од Велес, против три лица кои рано утрово беа спроведени во судот, донесе решнија со кои го прифати предлогот и на трите лица им определи мерка притвор од 48 часа, а заради постоење на основите од чл. 165 став 1 точка 1,2 и 3 односно опасност од бегство, влијание врз сведоци и страв дека ќе го повтори односно изврши ново кривично дело.

Мерката краткотраен притвор, по предлог на надлежниот обвинител, може да се продолжи или замени со други мерки за обезбедување присуство.