Регионот го потресе вест: 16-годишен вицешампион се бори за живот, доживеал напад од потешка форма на грип

од Nikola Popovski
90 прегледи

Од регионот, поточно од Хрватска ни пристигнуваат навистина лоши вести. Еден од најталентираните млади џудисти на Балканот, Иван Безиќ е во кома. Момчето на само 16 години се бори за живот.

Џудо клубот „Пујанка“ од Сплит преку социјалните мрежи ја објави веста која ги потресе народите од соседството, пренесувајќи ги зборовите на таткото на Иван.

– Ве молам помолете се за мојот Иван и нека ја почувствува вашата поддршка. Тој е во кома и се бори за живот (грипот му го зафатил срцевиот мускул). Тој е храбар борец и нека ја почувствува поддршката од својот народ. Драги наши, молете се од срце нашиот Иван да излезе победник од оваа борба, напиша таткото на Иван Бежиќ.

Бежиќ пред само неколку недели стана сениорски вицешампион на Хрватска во категоријата до 60 килограми, со што покажа и докажа дека е еден од најдобрите во регионот кога е во прашање џудото. Иван Безиќ, иако и понатаму кадет по минатогодишната бронза, со две победи и пораз во финалето го освои сребрениот медал во сениорската возрасна група.

Сите се надеваат дека Иван ќе успее да го надмине тешкиот вирус и да се врати на спортот што најмногу го сака.

Слични содржини