Регионот се мајтапи со новогодишната елка на плоштад: „Кога си тажен, сети се на несреќната елка во центарот на Скопје“

од Nikola Popovski
501 прегледи

Додека европските градови се натпреваруваат кој ќе има најубаво украсени улици и плоштади, новогодишната елка во Скопје стана предмет на потсмев на социјалните мрежи. Привлече внимание и во регионот, а во некои наслови се тврди дека „туристи од целиот свет ја исмејуваат елката во Скопје“.

„Какви се луѓето, таква е и елката на плоштадот: сиромашна и лоша за гледање“, гласи еден од коментарите на социјалните мрежи.

„Кога си тажен, сети се на несреќната новогодишна елка во центарот на Скопје“, објави српскиот порта „Novа“. Пишува и дека сите сакаат да се фотографираат со „несреќната елка“ која иако недовршена е вистинска атракција на социјалните мрежи.

Медиумите пишуват дека никој не знае зошто елката не е целосно украсена, ниту која компанија ја поставила.

„А ако сакате да бидете оптимисти и позитивни и да се чувствувате добро, погледнете како е Скопје. Родителите ги носат своите деца по трговски центри да видат украсена елка“, стои во друг коментар.

„Крива елка во Скопје“, „Ваква елка нема ни на Али експрес“, се само дел од коментарите под фотографиите.

Град Скопје минатата недела извести дека градот ќе биде украсен за сума од 30.000 евра. Сепак, не е уште познато која фирма го украсува.

Слични содржини