404
Првиот случај на индиска мутација на коронавирусот е регистриран во Франција во четвртокот. Пациентот е регистриран во областа Лот и Гарон, на југо-запад од земјата.
За 24 часа имало 26.538 новоинфицирани.Во текот на денот, 321 пациент починал од ковид.
На болничко лекување има 29.487 лица, а за еден ден биле примени 1.711 нови пациенти.
Во реанимација има 5.804 лица. За 24 часа се регистрирани 392 приеми.