206
Според бројките на Министерството за здравство, во последните 24 часа, починати се 10 лица, од коронавирус.
По градови, двајца пациенти од Скопје (54 и 90г.), еден од Куманово (73г.), два пациенти од Прилеп (59 и 56г.), еден од Охрид (72г.), пациент од ПЕ Гевгелија/Богданци (76г.), од Струмица (71г.), од ПЕ Делчево/ Македонска Каменица (74г.) и еден пациент од Кичево (76г). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Бројката на починати од почетокот на пандемијата е 2682.