Регистрирани 5 нови случи на ковид-19 во Дебар, сите жители на градот

од Vladimir Zorba

Во Дебар официјални податоци потврдуваат дека во последното деноноќие се регистрирани пет нови случи на ковид-19, сите жители на градот.

Вкупната бројка на заразени до сега изнесува 61 лице, од нив две од Центар Жупа, кои беа и првозаразени. Од вкупната бројка 47 се излекувани, четворица починаа, активни на болеста се 10 лица.

По цели педесет дена од последно излекуваниот пациент коронавирусот во Дебар се врати на 5 мај, кога беше дијагностициран кај жена од селото Долно Косоврасти, а два дена потоа и кај маж од Дебар.

Три нови случаи беа потврдени на 12 јуни, кога соопштувајќи ги податоците градоначалникот Хекуран Дука, искажа разочарување од своите сограѓани кои недоволно ги почитуваат мерките за заштита.

-Поради непочитувањето на превентивните мерки од страна на граѓаните имаме повторно појава на заразени во нашата општина. Тоа се случи по еден подолг период, во кој нашата општина се сметаше за зелена зона. Засега состојбата е под конторла, но како што оди трендот и очекувањата во следните денови ќе имаме појава на спорадични случаи со Ковид-19, оцени Дука.

Во Општина Дебар, според полициската статистика во самоизолација моментно се 47 лица и врз сите нив во изминатото деноноќие биле извршени контроли.

Слични содржини