Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:
Направени се 1.613 тестови, а регистрирани се нови 779 случаи на КОВИД-19: Скопје – 345, Битола – 61, Куманово – 45, Прилеп – 39, Кавадарци – 38, Велес – 32, Струмица – 25, Тетово – 24, Охрид и Кичево – по 23, Штип – 21, Струга, Гевгелија и Неготино – по 14, Ресен и Радовиш – по 8, Гостивар и Крива Паланка – по 7, Демир Хисар – 5, Кочани, Свети Николе и Валандово – по 4, Дебар и Македонски Брод – по 3, Пробиштип и Крушево – по 2, Делчево, Берово, Виница и Кратово – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (779), регистрирани се 173 реинфекции.
Регистрирани сe 477 оздравени пациенти од: Скопје – 243, Битола и Куманово – по 33, Прилеп, Кавадарци и Тетово – по 22, Велес – 19, Струмица – 16, Охрид – 14, Гостивар – 9, Штип – 6, Кичево – 5, Кочани – 4, Гевгелија, Неготино, Крива Паланка, Свети Николе, Валандово и Македонски Брод – по 3, Демир Хисар, Берово и Кратово – по 2, Струга, Ресен, Делчево, Богданци и Дојран – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа пријавени се 4 починати лица: 2 починати лица од Прилеп (80г и 89г) и по едно починато лице од Скопје (68г) и Велес (83г). Сите лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин нема регистрирани починати лица.
Направени се 1.613 тестови преку: ИЈЗ-239, ЦЈЗ Скопје-31, ЦЈЗ Битола-58, ЦЈЗ Прилеп-29, ЦЈЗ Тетово-37, ЦЈЗ Куманово-42, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–4, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–141, Жан Митрев (Филип Втори)-16, Авицена-45, Биотек-59, Систина-52, лабораторија Лаор-14, Синлаб-7, Ремедика-7, Плодност-16, Генеа-8, Никоб Лаб-61, ВФВ Медикал-8, Ели Медика Плус-7, Ројал Медика–2, Спектра-ММ-5, Рапид Лаб–3, Жан Митрев Струмица–1, Нова Лаб Дијагностика–3, Рамус-22, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 695.
Досега во земјата се направени вкупно 2.105.622 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 322.165, бројот на оздравени пациенти е 308.676, на починати е 9.353, а бројот на активни случаи изнесува 4.136.