Регистрирани два земјотреси во Македонија

од Nikola Popovski
406 прегледи

Доцна вечерва се регистрирани два земјотреси на територијата на Македонија. Потресите биле 100 километри јужно од Скопје и потекнуваат од епицентрално подрачје Пештани-Охрид-Струга, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје

Првиот земјотрес бил почувствуван во 21:07 часот со јачина од ML2.5 по Рихтер и вториот во 21:26 часот со Рихтерова магнитуда ML2.6.

Земјотресите ги почувствувале жителите на Охрид, Струга, Ресен и околината.

Слични содржини