Регулаторна: Поевтинува само дизелот

од desk3
107 прегледи

бензин-3-

Бензините ја задржуваат старата цена, а цената на дизелот се намалува за 2 денари. Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите цени на нафтените деривати кои ќе почнат да важат од полноќ.

Цената на ЕУРОСУПЕР БС 95 ќе изнесува 67,50 денари по литар, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 69,50 денари по литар.

Дизелот ќе се продава по 53,50 денари за литар.