Како во времето на комуњарите и на Тито, со еден кандидат демократија и избор на претседател на партија. Нема глумење и можност ниту да се размислува дека друг може да биде подобден да се кандидира до вождот, а камоли да се надгласува.

На 15-от конгрес на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски ќе биде единствениот кандидат за претседател. На неговата кандидатура првопотпишан е режисерот Љубиша Георгиевски, тука се Борис Змејковски, Мане Јаковлевски, Дијана Транталовска, Ганка Самоилова, Филип Петровски, Бранко Саркањац, Сашко Кедев и други, или, како што велат од партијата, широк состав од интелектуалци, оснивачи, повратници во партијата и актуелни функционери.
Ќе гласаат сите досегашни актуелни и поранешни министри градоначалници, директотри, раководители, сите функционери кои ги поставил Груевски. Тие без конкуренција треба да игласаат за реизбор на лидерот на партијата без да има конкуренција .
Аналитичарите сметаат дека главната порака од конгресот треба да биде дека стоа е единство, обединета десница и безрезервна поддршка на лидерот кој 12 години ја предводи партијата.
-ВМРО ДПМНЕ покажува дека е единствена и дека делегатите а со тоа и членството цврсто стојат зад лидерот Груевски и ќе продолжат да стои зад него и зад политиките што ги спроведува. По секој конгрес вообичаено е да се менува составот на Централниот и на Извршниот комитет, вообичаено е на две години да се менува, веројатно тоа ќе биде одлука лично на Груевски врз база на неговите досегашни согледувања и на замислата како ќе ја креира политиката понатаму, изјави за Телма ,универзитетскиот професор Оливер Андонов.
Исто е како во времето на комуњарите и на Тито, со еден кандидат демократија и избор на претседател на партија. Нема глумење и можност ниту да се размислува дека друг може да биде подобден да се кандидира до вождот, а камоли да се надгласува, велат политичките аналитичари
Во почетокот на македонскиот политички и партиски плурализам, алузијата на вакви избори со еден кандидат беше токму времето на Тито и комуњарите каде се глумеше демократски избор, против што десницата ја започна својата борба за демократија, а врз таа антикомуњарска платформа ВМРО ДПМНЕ ја изградија целата своја идеологија токму против ваквите практики на комуњарите во Македонија.
фото мкд.мк