Рејндерс потпиша договор со Милан до јуни 2030 година

од Vladimir Zorba
5 прегледи

Холандскиот фудбалер, Тижани Рејндерс потпиша нов договор со Милан до крајот на јуни 2030 година, соопшти италијанскиот клуб.

Рејндерс (26) му се приклучи на Милан во 2023 година и одигра 90 натпревари за клубот во сите натпреварувања, а дресот на холандската репрезентација досега го носеше 20 пати и постигна три гола.

Според италијанските и холандските медиуми, Рејндерс ќе заработува околу 3,5 милиони евра годишно во клубот од „Сан Сиро“, а во случај на бонуси таа сума би можела да биде поголема.

Холанѓанецот во досегашната кариера настапуваше и за Цволе, АЗ Алкмар и РКЦ Валвијк, а во актуелната сезона за „росонерите“ постигна 12 гола во сите натпреварувања.

Милан моментално е на деветтото место на табелата во италијанската Серија А со 41 бод и ќе продолжи да се бори за место кое директно води во Лигата на шампионите, но тоа нема да биде лесно, бидејќи веќе заостанува 11 бода зад Јувентус, кој е на четвртото место.

Слични содржини