РЕК Битола: Нема дефект на Блок 1

од Stefanija Kuzmanovska
218 прегледи

Во РЕК Битола нема дефект на Блок 1, ниту било какви други сериозни проблеми на некоја од постројките, истакнуваат од АД ЕСМ, Подружница РЕК Битола во демантот на информациите што во јавноста ги пласира ВМРО – ДПМНЕ.

„Блок 1 на РЕК Битола е плански исклучен од мрежа заради повеќе интервенции на различни позиции во постројката. Предвидено е активностите да завршат до сабота и викендов Блок 1 повторно да биде ставен во функција. Активностите се преземени плански токму деновиве бидејќи сите останати капацитети на АД ЕСМ се во погон и произведуваат електрична енергија со која во целост се задоволуваат потребите на домаќинствата, на малите потрошувачи и на останатите капацитети согласно владините задолженија“, се наведува со соопштението од АД ЕСМ, Подружница РЕК Битола.

Слични содржини