124
АД ЕСМ информира дека утринава РЕК Осломеј е исклучен од мрежата за производство на струја поради планирани активности за санација, на млинови, кондензатор и издувни канали.
Од таму потенцираат дека останува отворена и можноста за брзо ставање во функција на термоцентралата во зависност од потребите на електроенергетскиот систем на државата.
-Во меѓувреме, со работа продолжуваат сите останати капацитети на АД ЕСМ со цел до крајот на грејната сезона да се обезбедат сите потребни количини на електрична енергија исклучиво од домашно производство, се наведува во соопштението од ЕСМ.