Реконструкцијата на салата на Работнички се одвива според највисоки стандарди, вели Герасимовски

од Vladimir Zorba
198 прегледи

Реконструкцијата на легендарната сала Работнички во Градскиот парк се одвива во полн ек. Изминатата недела се демонтираше кровот и се поставува нов кров и нова фасада.

„Реконструкцијата се одвива според предвидената динамика. Во првата фаза до месец март планираме да поставиме нов кров и фасада, како и комплетно реновирање на канцелариските простории кадешто беа сместени спортските федерации. Новитет е тоа што ќе го прошириме теренот, ќе се постави нова еластична подлога и подно греење, а целиот простор ќе се климатизира. Ќе бидат поставени нови инсталации за електрична енергија, современо осветлување и водовод. Наместо досегашните бетонски клупи ќе поставиме 891 седиште”, информира градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.

Герасимовски, истакнува дека култната сала која е симболот на Скопје ќе биде реконструирана според највисоки стандарди за квалитет и согласно стандардите и процедурите на ФИБА.

Спортската сала Работнички ќе биде енергетски ефикасна со што значително ќе се намалат трошоците за енергија.

„Го враќаме сјајот на Работнички, покрај реконструкцијата на гледалиштето, предвидено е и обновување на туш кабините, поставување нова опрема, кошови и друга потребна инфраструктура”, вели Герасимовски.

Салата Работнички се реконструира за првпат по 50 години, а градоначалникот Горан Герасимовски е единствениот градоначалник од сите досегашни којшто ја враќа во живот оваа спортска сала која години наназад беше оставена да се распаѓа.

Слични содржини