Рекорд во САД: Дури 4,5 милиони луѓе дале отказ за еден месец

од Nikola Popovski

Рекордни 4,5 милиони Американци поднесоа оставки во ноември, со што стапката на отпуштања се зголеми на 3 отсто, јавува Си-Ен-Ен. Најголем скок на бројот на отпуштања забележале хотелите и рестораните.

Најголем број работници ги напуштиле работните места во угостителството, како и во здравството, а зголемен е и бројот на оние кои дале отказ во секторот транспорт и комунални дејности.

Ако на оваа бројка се додаде и бројот на отпуштените, вкупниот број на оние кои ја напуштиле работата во САД во ноември достигна 6,3 милиони.

Најголем скок на бројот на отпуштања забележале хотелите и рестораните кои во ноември имале помал број непополнети работни места.

САД имаа 10,6 милиони слободни работни места во ноември, што е благ пад од нешто повеќе од 11 милиони во октомври. Бројот на непополнети работни места во САД го достигна својот врв во јули минатата година. Тогаш ги имаше 11,1 милиони.

Во ноември е зголемен бројот на вработени во финансиите и осигурувањето, како и бројот на вработени во државната служба.

Слични содржини