Рекорден број на нови случаи на коронавирус во САД

од Vladimir Zorba
248 прегледи

Рекорден број нови случаи се регистрирани во Соединетите Американски Држави, откако во изминатово деноноќие 126.742 лица се заразиле од Ковид-19, покажуваат податоците на Универзитетот „Џонс Хопкинс“. Повеќе од 1.000 луѓе починале во исто време.

Ова е четврти ден по ред како бројот на нови случаи во САД надминува 100.000 на ден.

Според универзитетот „Џонс Хопкинс“, во последните две недели има голем скок н нови пациенти. Така, на 24 октомври се регистрирани 64.000 новозаразени лица, а на 7 ноември 104.000 лица.

Од почетокот на пандемијата, повеќе од 9,8 милиони Американци се заразени, а повеќе од 237 000 американски граѓани починале.