Рекорден број на починати во Велика Британија, Џонсон најави деноноќно вакцинирање

од Nikola Popovski
137 прегледи

Велика Британија објави рекорден број смртни случаи од коронавирус во средата – 1564. што укажува на тоа дека вториот бран на пандемијата е поубиствен од првиот, додека владата планира да воведе деноноќна вакцинација против Ковид-19 што е можно поскоро.

Лидерите на британската фармацевтска компанија „АстраЗенека“ изјавија дека се на добар пат да испорачаат два милиони доза вакцина консредината на февруари, а британскиот премиер Борис Џонсон рече дека поголема достапност на вакцините ќе биде клучна за воведување на деноноќна програма за вакцинирање.

„Ќе воведеме вакцинација 24 часа на ден, 7 дена во неделата што побрзо“, рече Џонсон пред парламентот, додавајќи дека во моментов има недостаток на вакцина за да се воведе.

Џонсон изрази надеж дека вакцинацијата за постарите граѓани, ранливите групи и работниците од првата линија до средината на февруари ќе го отворат патот за излез од новиот карантин воведен во Англија минатата недела.

Во Велика Британија, 15 милиони луѓе се меѓу највисоките приоритетни групи. Досега 2,6 милиони луѓе се вакцинирани со првите дози. Владата треба да вакцинира повеќе од два милиони луѓе неделно за да ја постигне својата цел. Британија користи две вакцини, таа на „АстраЗенека“ и вакцина развиена од „Фајзер“ и „Бионтек“.

Слични содржини