Рекорден број на повици на 112 од постоењето

од Nikola Popovski
125 прегледи

Поради состојбата со пожарите и невремето што зафати делови од земјава, единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК), изминатото деноноќие бележи рекорден број повици од своето постоење. Евидентирани се вкупно 3.159 повици, а од нив, како реални биле категоризирани 59.32 отсто, соопштија утрово од ЦУК.

-Кон полицијата биле упатени 40,51 отсто, кон Итната медицинска помош – 17,61 процент, a кон пожарникарите – 15,21 отсто од реалните повици, се наведува во соопштението. 

Снабдувањето со електрична енергија во оние делови од Скопје кои повеќе од 10 часа немаат струја, се очекува да се нормализира за околу еден час, велат од ЕВН Македонија. Оттаму посочуваат дека во тек е постапка за пуштање под напон на корисниците кои немаат електрична енергија.

По вчерашното краткотрајно невреме во Скопје, делови од градот повеќе од 13 часа се без струја.

Слични содржини