Рекорден број новозаразени од почетокот на пандемијата

од Vladimir Zorba
331 прегледи

Во светот во последните 24 часа се регистрирани повеќе од 106.000 нови случаи на заразени со коронавирус, што е рекорден број на нови случаи за еден ден од почетокот на пандемијата, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

„Во последните 24 часа во светот се регистрирани 106.000 нови случаи на заразени со коронавирус, што е најголемото дневно зголемување на заразените од почетокот на пандемијата“, рече генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејeсус.

Според него, скоро две третини од овие случаи се регистрирани во четири земји.

„Имаме уште многу долг пат до крајот на пандемијата“, истакна Гебрејeсус.

Според најновите податоци од веб-страницата „Worldometer“, повеќе од пет милиони луѓе се заразени во светот, 326 илјади умреле, а скоро два милиони се целосно опоравени.