Рекорден број новозаразени од укинувањето на рестриктивните мерки во Франција

од Vladimir Zorba

Бројот на новозаразени со коронавирус во Франција денес се зголеми за 2.288, што е нов рекорд по укинувањето на рестриктивните мерки, објави француското Министерство за здравство.

Вкупниот број на заразени со Ковид-19 е 197.921.

Дванаесет лица починале од коронавирусот, што е исто така повеќе од вчера, кога имало седум смртни случаи, и во средата, кога имало девет, објави Ројтерс.

Вкупниот број на загинати од Ковид-19 е 30.324.

Бројот на пациенти во болниците го продолжи трендот на намалување неколку недели и се намали за 49 на 5.011, додека бројот на пациенти во единиците за интензивна нега падна за седум и сега изнесува 383.

Слични содржини