Рекорден дневен скок во Украина, заразени се 1.197 лица

од Vladimir Zorba
116 прегледи

Во последните 24 часа е регистриран рекорден скок на бројот на пациенти во Украина од почетокот на пандемијата – 1.197, со што се зголеми вкупниот број заразени со вирусот на 68.794, пренесува Ројтерс.

Министерот за здравство на Украина, Максим Степанов, најави дека во текот на претходниот ден, во болница биле примени уште 248 лица кои страдаат од КОВИД-19, што е исто така рекорд запишан за еден ден.

Уште 23 лица починале како резултат на КОВИД-19 во Украина, вкупно 1.673 од почетокот на пандемијата, додека 38.154 пациенти се излечиле од коронавирусот.

Дневниот број на пациенти во Украина значително се зголеми во последните два месеци, откако оваа земја започна постепено да ги олеснува воведените рестриктивни мерки за борба против коронавирусот.

Оваа недела украинските власти ги продолжија карантинските мерки што важат на ниво на целата земја до 31 август, апелирајќи до граѓаните да носат заштитни маски и да ги почитуваат мерките за социјално дистанцирање. На индивидуалните региони ќе им биде дозволено да ги ублажат мерките воведени за борба против КОВИД-19, доколку тоа го дозволи епидемиолошката состојба.

Слични содржини