Рекорден трансфер во женскиот фудбал: Челзи потроши повеќе од милион евра

од Nikola Popovski
14 прегледи

Американската фудбалерка Наоми Гирма му се приклучи на Челзи во трансфер вреден повеќе од еден милион евра, со што постави нов рекорд во женскиот фудбал.

Оваа 24-годишна одбранбена играчка потпиша четири и пол годишен договор со лондонскиот клуб, а претходните сезони настапуваше за Сан Диего.

Според британските медиуми, Челзи за неа платила 1,1 милион американски долари или околу 1,05 милиони евра.

Претходниот рекорд во женскиот фудбал го држеше американскиот тим Беј ФЦ, кој ја донесе Замбијката Рејчел Кундананџи од Мадрид ЦФФ за околу 825.000 евра.

„Има многу работи во Челзи кои ме натераа да дојдам овде…културата, победничкиот менталитет, стручниот штаб и играчите. Тоа е идеална средина за учење и растење“, рече Гирма по пристигнувањето во петкратниот последователен шампион на Англија.

Гирма го освои олимпиското злато во Париз минатата година со репрезентацијата на САД, а за националниот тим одигра вкупно 44 натпревари.

Челзи, кој во 12. коло го совлада градскиот ривал Арсенал со 1-0 на домашен терен, води на табелата во англискиот шампионат со 34 бодови, девет повеќе од второпласираниот Манчестер Сити.

Слични содржини